Патријархот Кирил за СПЦ и МПЦ-ОА: Долгата поделеност конечно е исцелена

од Берта Китинска
291 прегледи

„Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија“, рече патријархот Кирил на состанокот на Светиот синод на Руската православна црква, пренесува РИА Новости.

Патријархот спомна дека се работи за долга поделба, која „конечно оздравела“.

Заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи (ОКП) на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов, вчера изјави дека Руската православна црква ја поздравува одлуката на СПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

Тој го оцени како радосен настан и најави дека Светиот синод на Руската православна црква ќе расправа на следниот состанок.

Слични содржини