Патријархот Порфириј дал благослов за посета на српските светилишта во Македонија

од Nikola Popovski

Патријархот на Српската православна црква Порфириј ѝ дал благослов на Агенцијата за поклонение на СПЦ „Доброчинство“ да организира обиколка на српските светилишта во Северна Македонија, од времето на Немањиќ.

Првата поклоничка посета на светилиштата во Северна Македонија ќе биде организирана на 15 јуни, пренесува Танјуг, како информација од Српската православна црква.

Првата група верници ќе ги посети скопските и српските светилишта во Стари Нагоричане и Лесново, а ќе ги предводи новоизбраниот викар на патријархот, епископот хвостански Алексеј.

Слични содржини