Патријархот на СПЦ, Порфириј ќе биде главен гостин на утрешната Светосавска академија во Скопје, најави вицепремиерот Иван Стоилковиќ. Тој уште пред два дена изјави дека Пофириј, како гостин на МПЦ и архиепископот г.г. Стефан, ќе присуствува на Светосавската академија во Македонскиот народен театар.
Стоилковиќ оцени дека тоа ќе биде „одлична приказна за националниот празник на Србите“ и „порака за помирување во регионот и соработка“.
Прославата, рече тој, „ќе го заокружи процесот што започна во 2007 година со националните празници во нашата земја“.
Денот на Свети Сава, 27 јануари, е државен празник за Србите во Македонија од 2007 година и за српската заедница е неработен ден.
Гости на Академијата, според најавата, ќе бидат и претседателите на парламентите на Црна Гора и Република Српска, личниот претставник на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и српските министри за дијаспора и култура.