Патријархот Порфириј: Немаме поблиски од Македонците, односите меѓу СПЦ и МПЦ се братски

од Nikola Popovski
410 прегледи

Односите со Македонската православна црква, не се добри, туку се братски, вели српскиот патријарх Порфириј во божикното интервју за српска „Политика”.

-Автокефалноста на МПЦ, барана и добиена на канонски и на начин според светото предание, во дијалог на братска љубов лишена од политички притисоци и скриени еднострани, утилитарни цели од било која страна, никогаш не треба да не плаши, туку треба да го радува секој од нас, истакнува поглаварот на Српската православна црква во интервјуто.

Сепак, како што посочува, сето ова не поминува и без злонамерни критики, како и различни обиди работите да се искомплицираат, а односите да се обременат.

-Никогаш не смееме да заборавиме дека недоразбирањата меѓу Србите и Македонците би им одговарале на многумина. А добрите односи им одговараат на македонскиот и на српскиот народ. Затоа, останува на сите нас, со големо внимание и грижа ваквите односи да ги развиваме и во иднина сѐ повеќе и сѐ поуспешно. Сакам да го додадам уште и мојот личен впечаток. Колку пати и да сум бил во Македонија во последно време, пречекан и примен сум така што да не се почувствувам дека сум гостин. Сигурен сум дека така се чувствува и Архиепископот Стефан, неговите епископи, но и сите наши браќа Македонци кои доаѓаат во Србија. Поблиски немаме. Ги негуваме, а не ги расипуваме, пријателските и братските односи со сите, а особено со оние кои по сѐ ни се најблиски, нагласува поглаварот на СПЦ.

Слични содржини