319
Српскиот патријарх Порфирије денеска му врачи на архиепископот Стефан Томос, со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.
Патријархот Порфирије чиноначалствуваше со светата архиерејска литургија во соборниот храм Свети Архангел Михаил во Белград, во сослужение на Архиепископот Охридски и македонски Стефан.
Како што информираат од СПЦ, на крајот од светата Литургија, српскиот патријарх Порфирије му го врачил на архиепископот македонски и охридски Стефан Томосот, со што се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.