93
Изјавите за можноста за преговори со Москва се тактичка финта на Киев и на Западот, на кои им е потребен одмор, бидејќи Русија има предност во специјалната операција, а Киев всушност не презема никакви чекори за преговори, изјави денеска помошникот на Претседателот на Русија, Николај Патрушев.
Тој го потсети и Првиот канал дека постои указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски за забрана на преговори со Русија, пренесува РИА Новости.
„Второ, сега имаме предност во специјалната воена операција, Западот и Украина се заинтересирани да ги обноват своите сили, им треба пауза. Затоа сите овие изјави имаат тактичка природа на пауза“, смета Патрушев.