Патрушев: Западните служби ги создадоа речиси сите големи терористички групи

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Речиси сите актуелни големи терористички групи се создадени, снабдувани и финансирани од специјални служби кои ги спроведуваат одлуките на западните земји, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев на состанокот на високите претставници задолжени за безбедносни прашања на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (БРИКС) во Јоханесбург, пишува „Руска газета“.

Петрушев оцени дека тероризмот „како што постои денес е алатка за директно промовирање на влијанието на САД и нивните сателити“, пренесе ТАСС.

Според него, официјална Москва смета дека заедничките напори во борбата против тероризмот се една од приоритетните области на соработка во рамките на БРИКС.

Слични содржини