Пациент спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта

од Берта Китинска
448 прегледи

Лекарски тим на Клиниката за кардиологија во Скопје, за првпат самостојно изведе стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта. Кај 42-годишен пациент, после сообраќајна незгода, со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови, дијагностицирано е раскинување на зидот на аортата. Ова е животно загрозувачка повреда која носи ризик од масивно крварење, без можност за прекин, поради што смртноста е скоро 100%.

Процедурата поминала уредно, со целосно покривање на оштетувањето на аортата и со зачуван проток кон раката и главата. Артеријата на ногата хируршки била “сошиена”, а пациентот бил успешно разбуден после анестезијата.

“Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при аневризми (проширувања) на дел од градната  и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност.Овие процедури, заедно со ТАВИ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето  на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходнои основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри” изјави д-р Жан Зимбаков, директор на клиниката.

Слични содржини