Пациентите со хронични болести да се вакцинираат со четврта доза против Ковид-19, апелира Сали

од Nikola Popovski
206 прегледи

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека Скопје се уште е жариште на Ковид-19 и е во црвена зона во однос на бројот на новозаразени лица.

-Од аспект на оптоварување на системот, се уште сме во жолта зона. Помалку од 100 пациенти се во сите инфективни одделенија во државата. Во делот на оптовареност, денеска ќе објави и Комисијата за заразни болести, изјави денеска Сали.

Министерот апелира до пациентите со хронички болести да се вакцинираат со четврта доза против Ковид-19.

-Доколку немаат примено трета доза, нека се имунизираат со трета. По инфицирање знаете, не можете да се вакцинирате, побара Сали од отворањето на реновираниот Хируршки ургентен центар на скопските клиники.

Слични содржини