Се бара помош од граѓаните за да ја најде постара жена, која според објавата, исчезнала вчера во близина на Државна болница во Скопје.
Облечена во тенка блуза, тегет тренерки и розови папучи, пациентка по име Ленка Најденова (70) од Крива Паланка излегла од Клиниката за онкологија вчера попладне незабележана од никого, ниту од обезбедувањето ниту од медицинскиот персонал и се упатила во непознат правец, а семејството моли доколку некој ја види веднаш да пријави во полиција или да го исконтактира семсјтвото.
„Денеска околу 15:00 часот баба ми е исчезната во околината на државна болница.Облечена е во сини тренерки и сина блуза,со неа нема ништо.Има 70 години,ако некој ја видел или ќе ја види ве молам исконтактирајте ме на 077 884 933/078 420 489. Споделете ве молам“, стои во објавата на социјалните мрежи.