Пациентка од „Демир Хисар“ испаднала од возило во движење

од Nikola Popovski
231 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека доцна синоќа после полноќ, пациентка од психијатриската болница „Демир Хисар“ испаднала од возило на патниот правец Демир Хисар – Битола.

Според полицијата, пациентката испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата. Во возилото имало и медицинска сестра од установата.

Пациентката се здобила со тешки теленси повреди кои биле констатирани во клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар, стои во полицискиот билтен.

 

Слични содржини