445
Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува, објави министерот за здравство, Венко Филипче за трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имал тешка срцева аномалија.
Според зборовите на министерот, од голема важност е постоперативниот период.
-Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики, се вели во објавата.
Пред два дена започнаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор. Претходно болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите.