Патувањето со авион никогаш не било побезбедно, покажуваат бројките на загинати од 2023 година

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Германското здружение за воздушен транспорт (BDL) денеска објави дека 80 луѓе ги загубиле животите во воздушниот сообраќај во 2023 година, вклучително и осум членови на екипажот, што е втор најмал број од 1970 година. Статистиката вклучува авиони со капацитет од најмалку 14 седишта.

Бројките се уште поимпресивни ако се земе предвид бројката на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) од вкупно 4,6 милијарди патници минатата година. Тоа значи дека во 2023 година имало 14 пати повеќе авионски патувања отколку во 1970 година и покажува дека воздушниот сообраќај станал значително побезбеден.

На почетокот на годината во авионска несреќа во Непал загинаа 72 лица

Во деведесеттите години, повеќе од илјада луѓе ги губат своите животи секоја година. BDL ги анализираше податоците само за патничките авиони, а оние од помалите авиони сè уште не се вклучени во конечниот број. Не беа вклучени и несреќите на воените авиони, а во 2023 година немаше ниту во товарниот сообраќај.

Најголем дел од жртвите од минатата година биле во авионот кој се урна во Непал на самиот почеток на 2023. Тогаш животот го загубија сите 72 патници, меѓу кои и четворица членови на екипажот.

Слични содржини