Пауло Коелјо: Навистина луди ја измислиле љубовта

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Тој е еден од најчитаните и сакани бразилски писатели. Пауло Коелјо сака да пишува за љубовта, за смислата на животот, за луѓето со кои се соочуваме. Вреди секоја одвоена минута, во која човек поминува време со неговите книги. Споделуваме неколку убави мисли кои ќе ве потсетат на она што го живеете.

“Кога често се сретнуваме со дадени луѓе, тие стануваат дел од нашиот живот. И како што ќе станат дел од нашите животи, почнуваат да се обидуваат да ги променат. И се лутат кога не го правиме она што тие го бараат од нас. Бидејќи секој мисли дека знае како другиот треба да го живее својот живот, но всушност никој не знае како треба го да живее својот. “-” Алхемичарот ”

“Ти си она што веруваш дека си.”

“Кога човек силно посакува нешто, целата вселена ќе му помогне.”

“Во одреден момент од нашето постоење губиме контрола над својот живот, кој од овој ден натаму станува потчинет на судбината. Тоа е најголемата лага на светот. “-” Алхемичарот ”

“Слободата значи да го чувствуваш она што срцето го сака, независно од мислењето на околината.“