„Не сум кажал никого, туку сум барал и сум доставувал аргументи врз основа на кои, распоредот кој што ни е направен по програтама к-5, каде што на 247 луѓе доделени ни беа 35 лица, значи 15 отсто со еден потег, да ни се зголеми администрацијата“, вели екс-директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за емисијата „24 анализа“.
Според него, тие морале да преземат нешто, не да се спротивстават, туку да се објасни дека сето тоа не можеле да го спроведат со менаџерскиот тим, бидејќи не можеле да најдат место за рамковно вработените и како второ, најтешко им било да прифатат менување на систематизацијата, за да прифатат детективи во ДПИ.
„Поради тоа одлучивме на највисоко ниво да достаи писмо до државниот врв, но до денот кога бев директор се уште не беше одговорено. На обвинувањата дека не сум ги примил затоа што биле Албанци, велам дека не сум националист, живеам и работам со нив и во самиот менаџерски тим имавме и Албанци. Не сакам да се остави впечатокот дека сум кавгаџија“, објасни Пауновски, додавајќи дека ќе се извини до јавноста и ќе ѝ честита на новата в.д. на институцијата доколку може да ги прими 35-те лица, кои се распоредени за вработување.