На инспекторите кои вчера биле во рутинска контрола во Дебар Маало не им бил дозволен влез во внатрешниот дел од објектот и се посомневале дека станува збор за прекршување на владините мерки, по што била повикана и полицијата, изјави Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски.
Тој појасни дека на инспекторите повеќе од два часа не им било дозволен влез во внатрешниот дел на објектот и дека немал дојава дека лидер на партија седел во затворен дел на ресторан
-Откако по два часа не им отвориле, бил повикан и раководителот. Било рутинска контрола, ниту знаеле, ниту имале намера, ниту очекувале дека ќе излезе она што отпосле испадна. Ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, за што инспекторите имаат и докази, денеска е поднесена кривична пријава според членовите 205 и 206 од Уредбата на нашата држава. Против физички лица не преземаме никакви санкции, изјави Пауновски.