Пауновски: Трговците да не прават манипулации, лимони има и се продаваат по 70 до 110 денари за килограм

од Берта Китинска
286 прегледи

Трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со цените. Да ја почитуваат договорената маржа од 10, односно 15 проценти, порача денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

-Цената на лимоните треба да изнесува 70 до 110 денари, како што била до 11 март. Граѓаните, пак, кога пријавуваат, треба да бидат конкретни, да кажат точно за кој продажен објект се работи, на која улица и број. За тоа, потенцира служи бројот 191.Цената на лимоните е намалена кај сите малопродажни обејтки по контролите до петокот. Проблем имаме со увозниците, со трговците на големо. Контролите се во тек, двајца се веќе казнети. Имаме зголемување на увознта цена. Големотрговците кои се, за жал, само четворица, да знаат дека секое непочитување на владината одлука ќе значи нови, поригорозни мерки, изјави Пауновски.

Слични содржини