Пауновски: Вработените во Пазарниот инспекторат во Тетово 12 години немале свое биро и столче

од Nikola Popovski
325 прегледи

„Со овој објект обезбедивме вработување на 43 вработени, за кои можам да ви кажам дека поголем дел од тие вработени до денес, иако се 10, 12 години вработени во Пазарниот инспекторат немаа свое биро, столче, а камоли компјутер“, изјави денес Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, при отворањето на новата канцеларија во Тетово.

Тој напомена дека во изминатиов период контролите се зголемени за неколку пати, претставките на потрошувачите се решаваат до 90 отсто, а неданочните приходи кои до пред три години се броеа во милиони денари, сега се бројат во милиони евра.

„Ако до пред три години од 300 вработени само 90 беа инспекторите кои излегуваат на терен, денес реформите се спроведуваат, па од 256 вработени преку 150 се инспектори со лиценца, 20-на се помлади и во фаза на добивање лиценца, а само 80-на се во администрација. Веруваме дека ќе продожиме со работните задачи и обврски и дека со помош на Владата ќе успееме да направиме а веќе и направивме европска институција, транспарентна, професионална и неселективна која ќе им служи на граѓаните“, подвлече Пауновски.

Тој се заблагодари на Владата за завршувањето на новиот објект на Државниот пазарен инспекторат во Тетово.

„За 100 дена добивме просториите, реконструкција и сместување на вработените“ рече Пауновски.

Слични содржини