Откако на денешнаата владина седница беше разрешен директорот на ДПИ Стојко Пауновски, тој во изјава за телевизија телма вели дека ја очекувал ваквата одлука и порача „простете им, не знаат што прават”.
„Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања“, изјави за Телма, Стојко Пауновски.
Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.