Чешката Република наскоро ќе ѝ обезбеди на Украина борбени авиони способни да соборуваат непријателски дронови, изјави денес чешкиот претседател Петр Павел за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
Павел не го прецизираше типот на авионот, но, како што потсетува Ројтерс, пред две години ја објави можноста за трансфер на чешки ловци Л-159.
„Чешката Република може да обезбеди неколку борбени авиони за релативно кратко време, кои се многу ефикасни во борбата против дронови, и верувам дека брзо и успешно ќе го решиме ова прашање“, рече Павел на заедничката прес-конференција со Зеленски.