128
Чешкиот претседател Петр Павел изјави денеска дека членките на НАТО можат да размислат за членство на Украина во воениот сојуз дури по завршувањето на конфликтот.
„Во моментов е многу тешко да се зборува за конкретни датуми кога станува збор за членството на Украина во НАТО, додека земјата е во војна. Прво мора да заврши војната“, рече Павел, говорејќи на прес-конференцијата во Брисел со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Истовремено, тој посочи дека западните земји се подготвени да и дадат долгорочна поддршка на Украина, пренесува ТАСС.