Павлевски за „Нова“: Судот ги стави интересите на фамилијата пред интересот за правда

од Vladimir Zorba
106 прегледи

„Судот со оваа одлука го заобиколи општествениот и јавниот интерес и го стави над се личниот интерес на фамилијата. Општествен интерес е интересот за правда и за сузбивање на криминал“, изјави поранешниот јавен обвинител Стеван Павлевски за порталот „Нова“ по повод одлуката на Основниот суд Скопје 1 кој забрани да се користат материјалите од прислушувањето како докази во истражната постапка бидејќи биле собрани на незаконит начин.

Stevan-Pavlevski-620x364

Павлевски нагласува дека со оваа одлука на судот не значи дека се поништува криминалното однесување на функционерите кои се споменуваат во материјалите.

„Судот со овој потег покажа дека очигледно не ги почитува одлуките на Судот за човекови права во Стразбур, а е должен да ги почитува, согласно Уставот и законите кои владеат во Македонија“, вели поранешниот јавен обвинител.