“Македонија е и ќе остане грчка”, рече грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за време на свеченостите посветени на ослободувањето на град Еласона за време на Балканските војни. Тој ја доби титулата “почесен граѓанин” од страна на локалните власти, соопшти весникот “То Вима”.

За време на својот говор, претседателот изјави дека “Македонија е и ќе остане грчка. Тој рече дека оние кои го оспоруваат грчкиот карактер на Македонија се претставуваат како будали, со нивните бесмислени тврдења”. Павлуполос ја истакнал важноста на ослободувањето на градот од отоманско владеење. “Овој воен успех доведе до пристапувањето на Македонија кон остатокот од Грција”, додаде тојм пренесува БГНЕС