Павловска Данева: Дел од јавните органи буквално се непотребни, има институции кои функционираат со неколку луѓе

од Берта Китинска
536 прегледи

Се иселија голем број на луѓе, а тоа треба да биде еден од главните показатели како треба да ја реформираме администрацијата. Што помалку граѓани имаме во државата на таа бројка треба да ги конципираме услугите. Колку помалку услуги толку помалку административци. Нема посебен научен заклучок. Коментарот е дека со менување на секоја власт расте и администрацијата за да се потпира на гласовите на јавната администрација, вели професорката Ана Павловска Данева во Утрински Брифинг во врска со резултатите од пописот.

Таа потенцира дека во земјата се спроведува дигитализацијата и дека оваа промена носи потреба од намалување на човечки кадар.

-Најверојатно треба да се размислува да се направи една анализа врз бројот на јавни органи. Дел од нив буквално се непотребни. Има десетици институции кои функционираат со по неколку луѓе. Имаме над 1.300 институции и над 130.000 административци, но тука не се влезени административците и тие не се опфатени од оваа бројка. Доколку и тие се пресметани бројката е над 150 илјади. Од ова се покажува дека имаме повеќе од 20 институции во државата кои се тотално беззначајни кои во себе имаат вработено помалку од пет луѓе, вели професорката.

Слични содржини