Професорката Ана Павловска Данева преку својот Фејсбук ја искоментира новата владина мерка со која од 16 август се воведува редарска служба која ќе врши проверка на сертификатите на влезовите на објеките каде ќе има повеќе од 30 гости.
-Државен пазарен инспекторат нема законска надлежност да ги легитимира гостите во угостителски објект, ниту пак да прави увид во нивните сертификати за имунизација.Значи, единствено надлежни за спроведување на новите здравствени мерки се – редарите, пишува Ана Павловска-Данева.