Павловска-Данева: Не може цел Договор со конзорциумот „Бехтел и Енка“ да биде деловна тајна

од Nikola Popovski
386 прегледи

Универзитетската професорка Ана Павловска-Данева не смета дека е ова е крај за употребата на европското знаменце, откако Делегацијата на ЕУ во Скопје реагираше на намерата на Владата предлог-законите за изградбата на Коридорите 8 и 10Д да одат по скратена постапка во Собранието.

-Ќе видиме дали ќе се огласат пратениците и ќе реагираат. Ова не е првпат, но ми е драго што ЕУ излезе со соопштение дека не треба да биде ускратена јавната дебата. Како што се неодговорни блокадите, неодговорно е да се крие договорот, вели професорката во вестите на Тв Сител.

Според неа, не може цел договор со конзорциумот „Бехтел и Енка“ да биде деловна тајна.

-Суштината на договорот околу предложените договори треба да биде објавена. Тогаш сите ќе знаат и ќе се знае дали со право се кочат нешта од јавниот интерес, оценува Павловска-Данева.

Професорката е децидна дека за државна тајна е потребен безбедносен сертификат, но не и за деловна тајна.

-Правниците се смеат. Безбедносниот сертификат нема никаква допирна точка со деловните тајни, рече Данева, откако претходно Владата се согласи да им биде презентиран Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д на пратениците на опозицијата кои имаат безбедносен сертификат.

Слични содржини