Павловска Данева: Централниот регистар се уште може да го прогласи за ништовно решението за клубот „Ванчо Михајлов“

од Nikola Popovski
214 прегледи

Професорката од Правниот факултет, Ана Павлоска Данева смета дека Централниот регистар има и сега можност да спречи упис здруженија на граѓани, чија програма ги нарушува правата и слободите на други.

– Ако со нивното здружување предизвикуваат верска, расна или национална нетрпеливост и омраза, регистарот може тоа да го блокира и да не дозволи такво регистрирање. Исто така ако го содржи името Македонија, тогаш е потребна согласност од Министерството за правда. Слушнавме дека Правда при регистрацијата на „Ванчо Михајлов“ не дало согласност. Кога како здружение ги поднесувате документите, меѓу другото треба да поднесе и согласност. Ако еден документ ви фали, ваш органот не ви го дава решението. Се уште може Централниот регистар да го прогласи сопственото решение за ништовно, рече Данева во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини