Павловска:Поддршка на културните манифестации и отворање младински културен центар

од desk2
79 прегледи

Носителката на кандидатска листа за советници во Крива Паланка од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, Изабела Павловска,на денешната прес конференција најави промоција, поддршка и развој на културните вредности во општината.

– Сите досегашни манифестации ќе ги продолжиме и ќе ги надополниме со уште поинтересни содржини за граѓаните. Ќе формираме и младински културен центар каде младите ќе имаат можност да учат но и да творат, збогатувајки го на тој начин нашето културно наследство. Ќе ги промовираме нашата историја и нашите обичаи, за Крива Паланка да биде препознаена и како туристичка дестинација но и за да се потсетуваме кои сме и од каде потекнуваме, рече Павловска.

Порача да се зачуваат културата и културните вредности и да са негуваат, затоа што од тоа,како што рече, ќе зависи какво наследство ќе оставиме на идните генерации.