Пазарџиите од „Глобал“ ги извадија производите на улица

од desk2
94 прегледи

Гневни што се зголемува уличната продажба на зеленчук и овошје, а никој од одговорните не реагира, пазарџиите од струмички „Глобал“ излегоа на улица, таму да ја продаваат својата стока, јави 24Вести.

Тие со години алармираат на нелојалната конкуренција но инспекциските служби и полицијата не превземаат мерки да ги заштитат. Тврдат дека ним стоката им останува во „Глобал“ додека надвор од градскиот пазар се продава на големо.

Дивите продавачи околу „Глобал“ тврдаат дека и тие сакаат место во пазарот оти во Струмица освен во саботите нема други локации каде што како земјоделци ќе можат да ја изложуваат и продаваат стоката.

Од пазараната инспекција тврдат дека деновиве ќе ги засилат контролите бидејќи не само овошје и зеленчук последните денови повторно се појави и уличната продажба на текстил во центарот на градот.