Директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски рече дека инспекторите може да контролираат само правни субјекти со седиште, но не и физички лица преку социјални мрежи, одговарајќи на новинарско прашање дали ги контролираат продажбите на заштитни маски преку Фејсбук.

„За жал за продажбата преку Фејсбук не можеме ниту да реагираме, ниту да конторираме. Има физички лица кои продаваат маски, ракавици. Што значи, сите кои купуваат преку Фејсбук, купуваат на сопствен ризик“,рече Пауновски.