Во оваа недела, барем во моментот најважен  економско настан од меѓународно ниво ќе биде говорот на американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Конгресот , се наведува во анализата на “Капман Холдинг”.
Според прелиминарните информации, говорот на Трамп ќе се однесува главно на  претстојната даночна реформа во САД, која предвидува значително намалување на даноците за бизнис и населението. Некои аналитичари сметаат дека токму на овие очекувања се должи растот на берзите во САД во последните 10-тина дена.

Практично гледано сепак, даночните реформи тешко би можеле да влезат во сила уште оваа година, со оглед на законодавниот пат кој треба да го поминат. Имајќи го тоа предвид, Трамп едвај ќе биде многу конкретен во коментарите во врска со  фискалната политика, е мислењето на американските економисти. Што пак од своја страна е можно да доведе до намалување на оптимизмот кој го зафати неодамна американските пазари на капитал, прогнозираат аналитичарите од “Капман Холдинг”.

Другата насока во која има потенцијал да влијае говорот на Трамп, е “расположението” на ФЕД за темпото на зголемување на основната камата. Според очекувањата на дел од инвеститорите, има извесна веројатност ОЛП на САД да биде зголемен уште на седницата на ФЕД на крајот на март.

Предупредување за ризици:  Трговијата со финансиски инструменти може да доведе како до добивки, така и до загуби. Материјалот е со информативен карактер и ниту еден дел од него не претставува инвестициска консултации инвестициско истражување, препорака или совет за инвестиции одлука или студирање на инвестициска стратегија.