Пазарна инспекција казни четири фирми со над 300.000 денари кои продавале поскап леб

од Nikola Popovski
316 прегледи

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе казнил четири фирми поради продажба на леб по цена поскапа од 33 денари. Станува збор три фирми од Скопје и една од Куманово, на кои им се изречени парични казни од над 300 000 денари.

-Во контролите се направени четири записници со утврдени неправилности, изречени се парични казни од над 300 000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10.000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице, изјави синоќа Александра Котели од ДПИ.

Како што информираше, биле извршени 234 контроли на територијата на целата држава, односно над 30 контроли имало во секој град.

Владата во вторникот донесе одлука да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел) на 33 денари за тој со тежина од 450 грама, со цел да им помогне на граѓаните. Одлуката ќе трае до 31 мај годинава.

Слични содржини