Пазарната инспекција ќе продолжи со контролите: Оној што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција!

од Nikola Popovski
204 прегледи

Граѓаните да бидат спокојни! Цените на основните прехрамбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат, порача првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Дециден е дека Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените кои се веќе донесени.

-Оној што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција! Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард, нагласува Трајковски.

Имајќи ги предвид реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност, во врска со зголемување на цените кои се пласирани во јавност деновиве,  известуваме дека зголемување на цените на основните прехрамбени производи нема да има, а пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените, информираат од Пазарниот инспекторат.

Слични содржини