318
Пазарниот инспекторат издаде решение за затворање на ексклузивниот лаунч бар „Мош“ во центарот на Скопје. Директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски, за „Фактор“ изјавил дека решението за заторање на „Мош“ е уште од минатата недела.
Кривична пријава е поднесена синоќа по гостувањето на српскиот пејач Владо Георгиев.
Директорот на инспекторатот до „Фактор“ испратил видео на кое јасно се гледа прекршување на сите протоколи за заштита од корона вирусот. Имено, за видеото се забележуваат голем број на луѓе кои не носат маски и не одржуваат физичка дистанца.