ПДП ќе им предложи на сите албански партии во Македонија да потпишат заеднички меморандум со кој ќе го прогласат Иванов за непосакувана личност за нив.

ПДП ќе им предложи на сите албански партии во Република Македонија да потпишат заеднички меморандум со кој ќе го прогласат лицето Ѓорге Иванов за непосакувана личност за Албанците и ќе побараат веднаш да поднесе оставка.
„Со чинот на недавање мандат за составување на влада преку неговото наивно образложение и негирање на Платформата на албанските политички партии лицето Иванов уште еднаш докажа дека Уставот за него не претставува ништо туку прогласите на неговата политичка партија се закон и Устав. ПДП уште еднаш го потсетува лицето Иванов дека не е тој туку Уставниот суд согласно член 31 од Законот за политички партии кој е надлежен да покрене судски спор во случај кога политичката платформа на некоја политичка партија не е во склад со уставните норми.
ПДП го повикува лицето Иванов да се вразуми и да ги почитува пријателските препораки на Стејт Департментот, препораките на Комисијата на ЕУ, на Комисарот Хан и да го врачи мандатот на Зоран Заев со цел што побрзо е можно да се состави реформска влада која ќе ги започне реформските прохграми за излез од државата од најтешката политичка и економска криза во перидот од самостојувањето“, се наведува во реакцијата на ПДП.