ПДП бара надлежност на спецобвинителот и за аферата “Маѓар телеком”

од desk3
73 прегледи

Изјавата на Павче Трајанов дека сведочењето на Зоран Богоевски пред судот во ЊуЈорк е веродостојно затоа што е поткрепено и со други докази кои му биле достапни и на премиерот Никола Груевски се повеќе ја разрешува дилемата зошто Али Ахмети и неговата партија ДУИ секогаш стојат во ставот „мирно„ пред Груевски и ја играат улогата на послушниот слуга.

пдп

ПДП ќе достави барање до меѓународната заедница и амбасадорите Бејл, Орав, Гарет ,истрагата околу аферата „Маѓар Телеком„ во која според Богоевски се инволвирани Ахмти и Муса Џафери да помине во надлежност на Специјалниот обвинител.

ПДП смета дека за да се расчисти аферата во што можен краток рок Али Ахмети и Муса Џафери треба да дадаат веднаш оставка од нивните функции.