ПДП го храбрат Заев да оди и подлабоко во објавувањето на организираниот криминал на функционерите на ДУИ

од desk3
125 прегледи

ПДП го поддржува лидерот на опозицијата Зоран Заев за осмелувањето повторно да ги објави прислушувањата за политичкото предавство и можниот економски криминал што се сомнева дека да ги направил лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговите партиски слуги.

пдп

ПДП го потикнува господин Заев затоа што судејќи според податоците кои се лансираат во јавноста процентот на можниот криминал не зафаќа ниту 1% од тоа што е сторено.

Партијата смета дека објавувањето на овие снимки е од животна важност за Албанците во Македонија затоа што тие ја потврдувале констатацијата на ПДП дека “патриотите“ околу Али ја започнале војната во 2001 год. за да станат дел од владата и на тендерите, и сега истата не ја напуштаат дури и ако биле “влечени со булдожер“.

Бомбите покажуваат дека на ДУИ и на нејзините функционери им е фатена опашката и тие се заложници на антиалбанската влада на Груевски и токму затоа ПДП ја разбираше вонземиреноста последните денови на Али во врска со повторното објавување на бомбите на Заев и неговата цврста определба да се стави во функција на адвокат на “цар“ Никола.

ПДП велат имаат на располагање дури и поголеми показатели од објавените во бомбата за тетовската индустриска зона, и тие ќе бидат предмет за расправа не на овој партиски суд туку на тој Специјалниот што допрва требало да се основа, а крадците секако дека ќе се најдат пред лицето на правдата.

Интегрален текст