Пејачот Сем Смит нападнат на улица: „Ти си болен гад, ќе гориш во пеколот“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Пејачот Сем Смит неодамна откри дека секојдневно се соочува со многу лоши коментари и навреди, па дури и доживува физички пресметки.

Имено, причината за сето ова е што повеќето луѓе не можат да ја прифатат неговата изјава дека е родово неутрална личност.

Овој пат, жена вербално го нападнала надвор од зоолошката градина врескајќи дека припаѓа во пеколот и дека е луд и злобен, што било снимено на камера.

„Ти си болен гад, ќе гориш во пеколот“, извика непозната жена пред зоолошката градина.

Пејачот не обрнуваше внимание на нејзините навреди, туку помина покрај жената без да каже збор, а видеото заврши на мрежите и изненадувачки наиде на поддршка кај одредени корисници на Твитер.

Слични содржини