Печено пиле со компири и печурки

од Stefanija Kuzmanovska

Пржени, варени, печени, како прилог или дел од салата, младите компири не само што се вкусни туку и многу здрави. Наш предлог за денес е печено пилешко со компири и печурки… Уживајте!

Состојки:

пиле (едно или половина)

500 гр компири

500 гр печурки

2 лажици масло

лажица путер

3-4 чешниња лук, згмечени

чаша пилешка супа

сол, бибер

мелен пипер, ким, кари

Подготовка:

Благо згответе го пилешкото месо за да го скратите времето за печење. Посебно издинстајте неколку крупно сечкани печурки, додадете сол и зачини. Во сад за печење истурете ги издинстаните и зачинетите печурки, сечканиот лук, додадете ги компирите и пилешкото, зачинете со зачини по вкус и малку подмачкајте со масло. Додадете шолја супа во која е сварено пилешкото. Ставете ја алуминиумската фолија и печете околу 45 минути на 220 степени. Потоа извадете ја фолијата и печете го пилешкото додека не добие златна боја.

Слични содржини