Педесетина Роми, од кои повеќе од половината се деца, првиот ден од Новата година го поминуваат на отворено откако рано изутрината пред 5 часот, пламна зградата на поранешното Невро-психијатриско одделение на Клиничката болница во Штип, во која привремено живеат.
Огнот пламнал од покривот и од влезната врата кога станарите спиеле, а 14 семејства брзо излегле надвор. Но, според нивното сведочење, огнот бил толку силен што брзо ги зафатил сите делови на зградата.
– Спиевме кога почна пожарот, истрчавме, повикавме пожарникари, ја искучивме струјата. Пожарникарите дојдоа брзо, сега очекуваме од градоначалникот и од пратениците да ни помогнат. Немаме ништо, се’ ни изгоре – рече Ербихан Демиров, еден од станарите.
Кога разговаравме со луѓето кои останаа на улица, температурата беше два степени под нулата. Децата беа само во чевли без чорапи. Имаше и жена во поодмината бременост како и повеќе возрасни лица. Станарите се сомневаат дека пожарот е подметнат со бензин.
– Имаме проблеми со едно лице, со кој сме на суд за тепачка и истиот е познат на полицијата. Тој не маваше со камења и се закнуваше дека еден ден ќе не запали. Еднаш не нападна, ние му вративме во самоодбрана и сега сме на суд – рече Демиров.
Свeтиниколчанец пијан паднал по скалите дома
Советничката Енисе Демирова беше единствената која ги посети и ги евидентираше семејствата, кои останаа без покрив над главата.
– На овие семејства како интервентна помош им требаат храна, облека и ќебиња. Ќе се обратиме до Црвениот крст и до сите што можат да им помогнат на овие луѓе, бидејќи оставени се на милост и немилост. Педесет лица се надвор под ведро небо – рече Демирова.
Во една од опожарените просториите, во ситен пламен догоруваше дел од мебелот. Пожарникарите само што завршиле со работа и си заминале.Еден од нив паднал на мразот и е пренесен во болница со скршени ребра.
Целиот комплекс каде се сместени некогашните Роми бездомници е без струја и без огрев. Жителите апелираат што побрзо да им се пушти струјата. Упатија апел за брзо привремено сместување.
Општината за нив планира изградба на социјална зграда во населбата Черења, за што е одредена локација, но од Министерството за транспорт и врски, според советничката Енисе Демирова, проектот не е прифатен.
