Педофил патувал од едниот до другиот крај на САД за да киднапира девојче

од Nikola Popovski
611 прегледи

Маж од американската држава Вирџинија е обвинет за киднапирање на 12-годишно девојче.

Според Си-Ен-Ен, 40-годишниот Нејтан Даниел Ларсон моментално е во затвор во Денвер, а шерифот од округот Фресно изјавил дека тој управувал со веб-страница која поттикнувала силување деца и објавување на такви фотографии и снимки.

Ларсон се запознал со 12-годишното девојче кое живее во Фресно преку социјалните мрежи во октомври, а за време на двата месеци манипулација, тој ја убедил да му испрати свои разголени фотографии.

Минатата недела тој отпатувал Фресно и ја убедил девојката да се прикраде од куќата околу 2 часот по полноќ, а потоа повикал такси за да стигнат до аеродромот.

Ларсон на девојчето му ставил перика и му кажал да се однесува како да е глувонема, за да не зборува со никого.

Полицијата истиот ден објавила дека девојчето е исчезнато, а кога детективите дознале дека киднаперот и девојчето се качиле во авион за Вашингтон, ги исконтактирале со тамошните власти и побарале да го проверат Ларсон.

Полицијата во Денвер го уапсила киднаперот, а агентите на ФБИ го спасиле девојчето, кое не било повредено.

Слични содржини