187
Еден од најголемите таленти на Барселона, Педри е импресиониран од моменталното влијание што доаѓањето на Роберт Левандовски го имаше врз тимот и неговите перформанси на теренот.
Полскиот стрелец освои осум последователни титули во Бундеслигата, но по завршувањето на сезоната беше категоричен дека сака да си замине и да се пресели на „Камп Ноу“.
Барселона доцна синоќа го освои трофејот „Жоан Гампер“ со победата од 6:0 над мексиканскиот УНАМ Пумас, Левандовски постигна еден гол, а Педри двапати беше прецизен.
„Луксуз е да се игра со играч како Левандовски, навистина уживам како шутира, како игра. Со таков играч е многу лесно, се гледаме во текот на натпреварот и се е јасно“, го пофали Педри својот нов соиграч.