Пејачката е прва во редот кога се во прашање поместување на природната убавина и прифаќање на себе си онакви какви што сме.
Деми Ловато во интервју со Ешли Греам, поточно во нејзиниот поткас, откри дека повеќе не ги обработува своите фотографии и дека се што објавува е точно онака како што е, што докажа и со фотографијата која ја објави претходно, а на која се гледа целулитот на нејзините нозе.
Овој пат, тоа го направи на друг начин. Деми одлучи да покаже како изгледа нејзиното лице без тронка шминка па објави токму такво слефи, гордо покажувајќи ги своите пеѓи.
„Не сум објавила селфи без шминка со години,но заклучив, дека по објавувањето на толку гламурозни слики со еден тон шминка и средена фризура, важно е да се покаже она што е под тоа. Вака изгледам 85-90 отсто од времето. Горда сум на моите пеѓи, на мојата раздвоена брада и на себе бидејќи се сакам и го прифаќам тоа точно онаква каква што сум“, напишала пејачката под фотографијата.
Нејзините следбеници го прифатиле овој номејкап изглед, па и порачале дека и завидуваат на чистата и блескава кожа.