Во своето ново последно интервју за британскиот магазин Dazes, 27-годишната пејачка Селена Гомез разговарала за своите внатрешни стравови, борби и паники кои ги имала пред да го издаде албумот „Rare“.
„Rare“ е нејзиниот трет самостоен студиски албум, а го направи неколку години откако зеде пауза поради здравствени и бројни приватни проблеми.
Малиот одмор од публиката, обожавателите и светот на музиката кај Селена развил додатна доза на самокритика и страв од јавен настап и создавање нови песни.
„Мислев дека мојата кариера ќе заврпи и дека новиот албум нема да им се допадне. Ме прогонуваше тој страв и затоа вложив дополнителен напор во создавање на истиот. Многу се трудев околу секој детаљ, долго работев на албумот. Можеше да се случи албумот да доживее дебакл. Што би правела тога? Влегов во некој конфузен вртолог, се преиспитував и во се се сомневав“, рекла пејачката.
Но, откако албумот почнал полека да допира до публиката, а песните воодушевиле милиони ширум светот, Селена воздивнала.
„Мило ми е што се уште допирам до публиката. Сите песни ми се еднакво мили и мислам дека ова е мојот најискрен албум, дадов се од себе и потполно се откажав од светот. Еден фан ми кажа дека песната Vulnerable е срцето на албумот и тоа ми беше голем комплимент“, заклучила младата пејачка.
Гомез зборувала за своето латино потекло кое го влече од страната на татко ѝ. Рекла дека е горда на своите корени, дека секогаш со гордост истакнува од каде потекнува и дека размислува да направи песни на шпански.