Пејачот отворено за бракот со манекенката: Имаме односи по цел ден

389 прегледи

Пејачот Џастин Бибер за обожавателите откри детали од својот приватен живот. По концертот во Лондон, фановите имаа причика да го прашаат Џастин што ги интересира, а еден од нив го праша што прават тој и сопругата во слободно време.

„Можете и сами да заклучите што правиме по цел ден. Тоа е прилично луди и навистина знае да биде се што правиме цел ден. Добро, гледаме и филмови. Особено сакаме да гледаме Нетфликс и да одмараме, но дефинитивно правиме повеќе од одморање“, рекол Џастин со насмевка на лицето.

Џастин и манекенката Хејли потајно се венчаа во 2018 година, аминатата година ги обновија заветите во поширок круг на пријатели, кога направија и прослава.

„Да се биде оженет е супер работа, но немојте погрешно да сфатите, бракот е тежок и на него треба да се работи. Да е лесен, сите брзо ќе се впуштаа. Доколку сакате да се венчате и да имате деца, треба да работите на роа“, ги совеувал Џастин присутните фанови.

Пејачот додаде дека бракот бара напор и дека треба да имате трпение за партнерот, да го сакате и почитувате.

View this post on Instagram

Love u tons bubz

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Парот ја потврди својата врска во 2015 година. Накратко прекинаа неколку месеци подоцна, а потоа повторно се поврзаа и оттогаш се неразделни. Џастин за Хејли рекол дека го сменила и дека му помогнала во кризните ситуации кога се носел со тешки психички и физички проблеми.

Хејли, за магазинот Elle признала дека нивниот брачен живот е многу понормален отколку што луѓето го замислуваат.

„Повеќе сакаме заедно да се излежуваме на софа, отколку да висиме на лустери на некои луди забави“, признала манекенката.

Слични содржини