Пејачот призна дека бил безобѕирен кон Селена: Јас излегов повреден од таа врска

381 прегледи

Познатиот 25-годишен пејач во 2018 година се ожени со русокосата Хели Болдвин, а сега призна дека на почетокот од врската ѝ признал дека не може да биде верен бидејќи се уште се носи со товарот од претходната врска.

Разговарајќи за Apple Music, Бибер откри што поточно ѝ кажал на сегашната сопруга.

„Ѝ реков ‘Слушај, се уште сум многу повреден и се обиувам да се сфатам себе си така што не сум подготвен да се обврзувам на тој начин. Не би сакал да кажам едно, а да направам нешто спротивно од тоа, знам дека тоа го правев во минатото’. Со неа бев потполно искрен и ѝ признав дека во тој момент не можам да ѝ ветам дека ќе бидам верен“, рекол Бибер.

На прашање поради што во тоа време бил повреден, пејачот одговорил:
„Мислам дека бев повреден поради својата претходна врска. Тогаш се обидов да се носам со тоа дека многу од работите не ми беа простени“.

Но канадската поп ѕвезда додала дека Хејли сменила толку многу работи во неговиот живот и дека и сам се променил кога видел колку ја повредил.

„Се чувствувам дека Хејли ме почитува и јас неа бидејќи не сакав да ја повредам со своето однесување. Но, таа сеедно ме сакаше, а ја болеше тоа што ме гледаше со други. А потоа едноставно направи некои работи кои мене ме повредија. Пред турнејата едноставно престанавме да зборуваме“, рекол Бибер, кој подоцна ги измазнил работите и својата избраничка ја однесе пред олтар.

Слични содржини