373
Елтон Џон во неделата морал да го прекине концертот во Оукленд, Нов Зеланд, бидејќи гласот го изневерил и со плачење ја напушти сцената.
„Потполно го изгубил гласот. Не можам да пејам. Многу ми е жал“, рекол тој напуштајќи ја сцената додека публиката го испратила со овации.
Пејачот потоа на Инстагран објавил дека му е дијагностицирана благо воспаление на белите дробови, но тој и покрај болеста одлучил да настапи.
Гласот го издал во моментот кога се подготвувал да го отпее својот хит Даниел.
„Свирев и пеев со целото срце, се додека гласот не ме издаде. Разочаран сум, длабоко загрижен и тажен“, напишал Џон и заблагодарил на присутните за поддршката.
Елтон Џон се уште планира да ги одржи концертите во Нов Зеланд во вторник и четврток.