Пекари: Трговците на мало не уценуваат и не прифаќаат да го продаваат лебот со 5% маржа

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Пекарската индустрија попладнево соопшти дека трговците на мало не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа и поради тоа бара од Владата да ги активира инспекциските служби.

-Денеска, по одржаниот прес за одлуките на пекарската индустрија, трговците на мало ги уценуваат пекарниците и не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа, што е незаконски и ја кршат одлуката што е претходно донесена. Вака настанатата ситуација е директно поврзана со последните штетни одлуки за пекарската индустрија. Бараме од Владата да ги испрати инспекциските служби и јавно да ги информира за последиците трговците на мало за нивното непочитување, наведуваат пекарите.

Пекарската индустрија денеска на прес-конференција соопшти дека ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но и дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

Слични содржини