Пекарите ќе чекаат одлуката за замрзнување на цената на лебот да излезе во Службен весник, па ќе престанат со производството

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Пекарската индустрија ќе причека да излезе во Службен весник владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена денеска.

Потоа, како што изјавија нејзини претставници, ќе се реализира најавата за прекин на производството.

-Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализра и практично не е валидна, велат пекарите.

Според претседателот на Групацијата на мелничко – пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад вчерашната одлука да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. Одлуката е донесена едногласно.

-Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, рече Малишиќ за МИА.

Слични содржини