Пекинг: Дванаесет лица приведени поради пожарот во болницата, меѓу кои и директорот

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Дванаесет лица, меѓу кои и директорот на болницата, се приведени по пожарот во болницата „Чангфенг“ во Пекинг, кој однесе 29 животи, јави денеска „Ксинхуа“.

Пожарот, кој избувна во вторникот во таа болница, е изгаснат, беше соопштено на прес-конференција на градските власти на кинеската престолнина.

Екипите за итни случаи првпат добиле информација непосредно пред 13:00 часот по локално време (07:00 часот утринава по средноевропско време) дека избувнал пожар во болница во округот Фенгтаи, објави „Peking Daily“.

Слични содржини